Синдикалната минимална кошница во септември 65.077 денари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информираше дека вредноста на синдикалната минимална кошница за септември година изнесува 65.077 денари и истата е намалена за 430 денари, споредено со август годинава, кога била 65.507 денари.

Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, пак, изнесува 80.452 денари.

Од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.394 денари или 35,9 отсто, за облека и обувки 5.725 денари или 8,8 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари или 9,4 отсто.

За лична хигиена и оддржување на хигиена во домот треба да одвои 2.636 денари или 4,0 отсто, за транспорт 4.716 денари или 7,2 отсто, за комуникации 3.417 денари или 5,3 отсто, за здравје 1.174 денари или 1,8 отсто.

На едно четиричлено семејство во септември за образование му биле неопходни 7.097 денари или 10,9 отсто, за рекреација и култура 5.592 денари или 8,6 отсто, за ресторани и хотели 4.131 денари или 6,3 отсто и за останати стоки и услуги 1.100 денари или 1,7 отсто.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21.471 денари.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести