Синдикалната минимална кошница за август 65.507 денари, зголемена е 179 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2025 година изнесува 65.507 денари, што претставува зголемување од 179 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328 денари, информираа од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816 денари или 4,49 отсто.

Со изнајмен стан од 60 метри квадрати, вкупните трошоци во август достигнуваат 80.882 денари.

Во категоријата храна и пијалоци, вредноста за август е 24.064 денари, што е зголемување од 382 денари во однос на јули. Во однос на претходниот период, по укинувањето на мерките, оваа категорија бележи раст од 2.584 денари, односно 12,09 отсто.

Од другите категории, трошоците за облека и обувки се намалени за 114 денари, за лична хигиена има намалување од 74 денари и за транспортот се намалени за 16 денари.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести