Скелетот на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води за исчезнат од јули 2003 година, бил најден во подрум во куќа во населбата Форест, во Брисел, Белгија, соопшти тамошната Федерална полиција.
Скелетот бил откриен во јули лани при реновирање на куќата, а форензичка анализа покажала дека се работи за Рахмановски, роден во Македонија во 1976 година.
Полицијата сега работи на утврдување на причините под кои настрадал Рахмановски.
Фото: белгиска Федерална полиција














