Скопјани денеска останаа без приватен градски превоз. Како што и најавија претходно, приватните превозници, поради долг од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, тие денеска возеа само од 5:00 до 10:00 часот утрината.
Истото го најавија и за утре, а така ќе возат се додека не им се исплати долгот.
Приватните компании „Јофи бус“, „Вестор транс“ и „Радос компани“, бараат од ЈСП итна исплата на акумулираниот долг во износ од 170 милиони денари, а според нив, во моментов се достасани 90 милиони денари.
Директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, пак, тврди дека долгот кон овие три превозници изнесува околу 60 милиони денари.
Фото: Игор Бансколиев