Вчера на улицата „100“ во скопско Волково, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрило во Г.И. (60), жител на селото.
Од здобиените тешки повреди, тој починал на лице место, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.
Денеска е приведена 40-годишната М.С. од Скопје, која го управувала возилото кое удрило во починатиот.
За нејзе ќе биде поднесена кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик.
Фото: Унсплеш














