Скопски Пазар АД Скопје во првите девет месеци од година остварил вкупни приходи од 211.278 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година, истите бележат намалување од 62%, пред се поради отсуство на вонредни приходи од продажба на недвижен имот кои постоеја во истиот период во 2024 година, информираат од таму преку Македонската берза.
-Скопски Пазар за периодот јануари – септември 2025 година оствари добивка од 15.843 илјади денари, што преставува намалување од 95% во однос на истиот период од минатата година, пред се поради отсуство на вонредни приходи од продажба на недвижен имот кои постоеја во истиот период во 2024 година, велат од таму.
Вкупните расходи изнесуваат 195.435 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат намалување од 1%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реизбрани членовите на УО на Скопски пазар
Скопски пазар со намалена добивка во првото полугодие














