Скопски пазар со намалена добивка во првото полугодие

Скопски пазар АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил добивка од 6.075 илјади денари, што преставува намалување за 98% во однос на истиот период од минатата година, пред се поради отсуство на вонредни приходи од продажба на недвижен имот кои постоеја во истиот период во 2024 година, информираат од таму преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 137.083 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат намалување од 71%, пред се поради отсуство на вонредни приходи од продажба на недвижен имот кои постоеја во истиот период во 2024 година.

Вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 131.008 илјади денари и во споредба со истиот период од 2024 година бележат намалување од 4%.

Намалувањето на расходите се должи пред се на оперативните расходи согласно рационализирани оперативни активности.

Трошоците за вработените се зголемени за 3%, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести