Следните денови повторно температури до 39°C, надлежните со препораки

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 8 до 13. август се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39°C.

Од таму потсетуваат за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури:

– Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот.

– Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.

– Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи.

– Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.

– Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.

– Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.

– Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.

– Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести