Следува топол бран со температури над 40

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести