Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Пообилни врнежи ќе има во недела кога истите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Фото: Unsplash













