Додека граѓаните на Скопје се жалат на неисчистени улици и дека снегот повторно ги изненадил надлежните, градоначалникот Орце Ѓоргиевски уверува дека од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот.
„Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови,“ вели Ѓоргиевски.
Снегот утрово создаде сообраќаен метеж низ некои од главните сообраќајници во градот.
Фото: Град Скопје














