Вчера во Куманово беше пукано во 43-годишниот доктор Зекирија Шахини, носителот на листата кандидати за советници на коалицијата Национална алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, за Општина Липково.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ранет кандидатот за советник на ДУИ, Зекирија Шахини
Тој од болницата во Куманово беше префрлен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и е вон животна опасност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Основното јавно обвинителство Куманово информираа дека првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот напад.
Во меѓувреме е објавена и снимка од надзорна камера од обидот за неговото убиство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Какви повреди има ранетиот Шахини и во каква здравствена состојба е
Фото: Унсплеш/видео: ТВ 21













