Со изградбата на овој храм се надминавме себе си, рече архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан на денешното осветување на црквата „Св. Цар Константин и Елена“.
„Изградивме храм со неверојатна убавина, но она што е најубаво во него е тоа што денес е исполнет со народ. Најубав храм е оној што е исполнет со верен народ, а денес, верувам, нема поубав храм од овој нашиов, па нека биде постојано така, да доаѓаме во храмот на секоја литургија и во секоја прилика за во осама да му се помолиме и да му заблагодариме на Бог, да го наоѓаме мирот и спокојот кој доаѓа одозгора. Да бидеме храмови што не можат да се урнат, храмови на вечниот живот,“ рече г.г Стефан.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.