Во македонското Собрание на почетокот на денешната седница беше констатирана оставката на претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираше дека врз основа на член 121 став 2 од Деловникот на Собранието, нејзината функција престанува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, поднесе оставка
Димитровска поднесе оставка откако стана една од обвинетите за случајот „Адитив“, кој се однесува за набавка на адитив за ТЕЦ Неготино и државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
Од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција таа е обвинета дека оддавала службени тајни, односно на лице осомничено во „Адитив“ му оддавала информации за постапки кои му биле предмет од интерес.
Таа е обвинета исто така и за компјутерски фалсификат. Според Обвинителството кога требала да полага електронски, за да се здобие со безбедносен сертификат, наместо неа тестот го полагал нејзин колега од Државниот завод за ревизија, од каде дојде во Антикорупциска, кој е исто така сега осомничен за истото дело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“
Фото: 360 степени