Сопственикот на „Марковски компани“ пуштен од притвор со гаранција од речиси 5 милиони евра

Сопственикот на Марковски компани и почесен конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски, кој е обвинет за злоупотреби со набавки во РЕК Битола, бил пуштен од притвор, објави телевизијата Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Борче Марковски, сопственикот на Марковски компани, за кого е поднесено обвинение за злоупотреби со набавки во РЕК Битола

Како што објави телевизијата неофицијално, тој дал гаранција од речиси 5 милиони евра во недвижен имот – куќа со двор во Битола и три стана исто така во Битола, сопственост на Марковски компани, како и движен имот (возила) – 25 булдужери и камиони, сопственост на Марковски компани.

Одлуката ја донел Основниот суд во Битола. Претходно Основното јавно обвинителство Битола се изјаснило негативно по неговото барање.

Судот за него донел одлука за мерки на претпазливост – еднаш неделно да се јавува во судот, а привремено му е одземен и пасошот, објави телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за Борче Марковски, сопственикот на „Марковски компани“, што се му заплени Обвинителството?

Газдата на Марковски компани од куќен оди во затворски притвор

Борче Марковски остана без станови во Скопје, пари, возила, земјиште во Македонија и Србија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести