Советникот Акиов мора правно да одговара, вели градоначалникот на Кочани, Крстевски

За инцидентот во Општината Кочани за време на седница на Советот, советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР), кој со шише повреди правничка вработена таму, мора правно да одговара, вели за телевизјата 24 в.д. градоначалникот Венко Крстевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Советник предизвика инцидент во Општина Кочани, повредена службеничка, интервенираше и полицијата

-Според мене Акиов треба да и се извини на Ана. Да сноси правна одговрност и да сноси последици, вели Крстевски, кој заедно со други советници и вработени во Општината спречија поголем инцидент.

Тој меѓудругото посочува дека постоечкиот Совет е цивилизациски пораз за Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е советникот Аки Акиов кој удри службеничка во Општина Кочани со шише

Од партијата на Акиов, кој удри со шише службеничка, обвинија за долготрајна дискриминација на советникот, поднесоа кривична за друг советник

(Видео) Во Кочани се уште има угостители кои работат незаконски, в.д. градоначалникот им поднесе кривични

Фото: Фејсбук/Крстевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести