На денешната седница на Советот на јавни обвинители е донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, откако тој поднесе оставка.
Хајрулахи е поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје. Беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“, базирано на наводи дека во периодот од септември 2023 до октомври 2024 година, тој користел хиерархиска надреденост за континуирано психичко насилство и закани врз пет вработени жени.
Тој пак категорично ги отфрли сите обвинувања, тврдејќи дека случајот е тенденциозен и политички монтиран со цел негово отстранување.













