Spar влегува во Македонија, ќе отвара маркет во Кавадарци

Холандскиот малопродажен трговски ланец Spar планира да отвори маркет во Кавадарци.

Информацијата за еМагазин ја потврдија од Општината Кавадарци, од каде велат дека компанијата веќе бара соодветна локација, според нивни информации.

Во регионот Spar е присутен во Косово и Албанија.

Во март годинава косовскиот трговски ланец Viva Fresh Group, присутен и во Македонија преку Viva Fresh Store, Super Kit Go и Modern Studio & Top Shop ја презеде Spar Albania од Balfin Group.

Spar e основан во 1932 година. Брендот е присутени во 48 земји со 13.800 продавници.

Моментално нема маркети во Македонија.

Фото: Spar

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести