Срам за човештвото, Палестинците ги убиваат додека земаат храна

Пред неколку години му правев друштво на колега кој правеше репортажа во Јасен, каде богаташи и политичари за пари убиваат животни.

Се шокирав кога ни беше објаснето дека „фациве“ си седат во куќички од каде нишанат скриени, во животните, додека тие доаѓаат да јадат и пијат вода на пункт.

Истото деновиве им се случува на Палестиците во Појасот Газа кои доаѓаат да земат храна и вода од малиот број на пунктови. Ги нишанат Израелците од сите можни страни, дали по пат кој е долг и по неколку десетици километри или на лице место, откако претходно со месеци не дозволуваа да влезе хуманитарна помош од целиот свет.

Убиени се стотици деца, жени, мажи, цивили, кои немаат ама баш ништо со терористичката Хамас, туку само се борат да преживеат, додека секојдневно се зголемува и број на починати од глад.

Лицемерната меѓународна заедница молчи, се слушат само поединични пригушени крикови од поедини земји. Молчи и Македонија. Неверојатно е дека не ја разбира судбината на Палестина и Палестинците (плус се уште не ја признала Палестина), иако поминала низ кажи речи исти работи во историјата.

Не слушнавме ни за некој сериозен притисок врз Израел, ниту пак некој најави санкции за земјата. Трагедијата на човештвото да биде уште поголема, неколку земји се уште го снабдуваат Израел и со оружје.

Просто е неверојатно дека оваа се случува во 21. век и дека гледаме геноцид во живо и на никој не му е гајле!

Историјата ќе го памети овој срам за човештвото.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести