Србија нема да има свој преставник на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, во Брисел, Белгија.
Информацијата ја соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, кој меѓу друго рече дека неговата земја за првпат во последните 13-14 години, нема да оди на таа меѓународна конференција.
Додаде и дека Србија ќе продолжи по европскиот пат, барем додека тој е претседател.
Оваа следи откако на вчерашниот состанок на Советот за општи работи на Европската унија (ЕУ) одлучи да не го отвора Кластерот 3 во преговорите со Србија, наведувајќи дека се потребни понатамошни реформи во однос на владеењето на правото и нормализацијата на односите со Косово.
Македонија пак ќе ја преставува премиерот Христијан Мицкоски.
На Самитот, со кој ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, покрај Мицкоски, ќе учествуваат и лидерите на останатите земји кандидати или аспиранти за членство во Унијата од Западниот Балкан, како и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.
Главни теми на Самитот ќе бидат стратешко партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан, постепената интеграција во Унијата и Планот за раст на регионот, како и надворешните работи, безбедноста и одбраната…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што се бара од Македонија во заклучоците на Советот на ЕУ, кои Унгарија ги блокира
Фото: Влада














