Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска го блокираше македонското Собрание.
Беа блокирани влезовите во Собранието, а блокадата е поради барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари.
Најавените блокади започнаа со Собранието, поради тоа што пратениците повеќе од една година не ги носат измените за минималната плата и остануваат имуни на најновата иницијатива на ССМ за намалување на функционерските плати за 80 проценти, посочија од таму.
Доколку тоа не го сторат пратениците, ССМ најавува собирање на 10.000 потписи со кои ќе станат овластен предлагач и ќе побара намалување на функционерските плати.
Од таму најавија и дека во четврток ќе биде блокирана Стопанската комора, а следниот вторник Владата.
Синдикатот не ја исклучува можноста и за организирање генерален штрајк.
Фото: Игор Герасов/ССМ/Фејсбук














