Кој е Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за потпкуп од 50 илјади евра

Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, е во фокусот на јавноста откако беше уапсен за поткуп од 50.000 евра за да влијае на одлука на судија од Апелациониот суд Скопје, осомничен да излезе од притвор, за што тој доби затворски притвор од 30 денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фехми Стафа останува во притвор, одбиена му е жалбата

Стафа парите ги добил од сестрата на осомничениот во случајот „Синџир„, Љупчо Пецов- Ѓаволот, кој пак наместо затворски по отварањето на случајот, доби куќен притвор.

Поранешниот државен правобранител доби затворски притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци, а Пецов куќен, поради здравствени причини и оти сам и се предал на органите на прогон. Тој извесно време беше недостапен за органите на прогон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за поткуп од 50 илјади евра

Кој е Стафа

На пошироката јавноста Стафа и стана познат по случајот со хонорарите за презентерката Бесмира Ејупи, како и по скандалот со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан.

Во случајот со Ејупи, Државното правобранителство исплатило 247.658 денари за нејзин ангажман, а од Антикорупциската комисија тогаш посочија дека таа добивала хонорари за непостоечки работни позиции.

Стафа пак за неуспехот на државата да конфискува 17 милиони евра од Кочан ги посочи обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски.

Тој поднесе и кривична пријава за неуспешната конфискација на имотот на фирмата на Кочан, Трансмет, против Бубевски и Ајро, како и кривична пријава против поранешниот директор на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Обвинителите пак посочија дека нивната надлежност завршува со правосилноста на пресудата, а во стечајната постапка која се одвивала, доверител е државата, која треба да го конфискува имотот и нејзин правен застапник е Државното правобранителство.

Јавното обвинителството тогаш ја истражуваше и улогата на Државното правобранителство во случајот со конфискацијата на имотот на Кочан, а Муареми покрена повеќе постапки за Стафа, меѓу кои и за ангажманот на Ејупи, како и предмет со кој се истражуваше имот што наводно ги поврзува фамилијата Кочан и Стафа – земјиште со куќа.

Што пишува во неговата биографија

Стафа дипломирал на Правниот факултет на државниот Универзитет во Тетово, а кога стана државен правобранител беше магистрант на Универзитетот ФОН, отсек – Казнено право.

Кариерата ја започнал во 2005 година во Основниот суд – Скопје 2, каде работел до 2009 година.

Следната година работел во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, а од 2010 до 2018 година во Основен суд – Скопје 1.

Има положено правосуден и нотарски испит.

Државен правобранител стана во август 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пецов, за кого Стафа зеде поткуп, сам се предал, и доби куќен притвор

Апелација го одбила барањето за укинување на притворот за Пецов, за кој Стафа зел поткуп, на 2. декември

Стафа зел 50 илјади евра за да убеди судија да укине притвор: Детали за случајот за екс државниот правобранител од Обвинителството

Фото: Државно правобранителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести