Кои болести ги пренесуваат глодарите, кои се новата опасност од несобраниот смет во Скопје

Несобраниот смет со денови во Скопје, главниот град на Македонија, ќе придонесе за размножување на глодарите, кои пак пренесуваат неколку болести, предупредуваат микробилозите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Стаорците нема да чекаат втор круг на избори“, предупредува за сметот во Скопје докторот Пановски

-Стаорците веќе се појавија по улиците и можеби најлошото што веќе ни се случува во градот е нивната способност да пренесуваат болести, поттикнати од навиките глодарите да го користат нашиот отпад и отпадни води заедно со нивната карактеристична подвижна природа, пишува на Фејсбук, Ивица Апостолов, вработен на Универзитетскиот институт за клиничка биохемија и претседател на Здружението на медицински лаборанти.

Според Центарот за контрола на болести, и стаорците и глувците се одговорни за пренесување на преку 35 болести ширум светот, а без разлика дали живеете во преполна, урбана област или во порурален простор, стаорците и глувците не прават “дискриминација” врз основа на околината и можат да бидат успешни во секое живеалиште, потенцира тој.

-Нивната близина до местото каде што јадеме, живееме и одиме во секојдневниот живот, може да биде вознемирувачка, бидејќи има многу опасни болести поврзани со глодари кои можат да ги погодат луѓето како што се: хантавирус, треска од каснување од стаорец, чума, тифус на глувци, лептоспироза, лајма болест, свинска дизентерија и салмонела.

Преку нивното крзно, плунка, урина и измет, стаорците и глувците можат да пренесат болести од загадените области и да го забрзаат ширењето на овие болести со голема брзина, а тие се вектори на најзаразните болести, т.е. тие се живи организми кои можат да пренесат заразни болести меѓу луѓето или од животните на луѓето.

Не заборавајте дека вектори се и болвите, комарците, но најстрашно во сегашнава ситуација се стаорците, а според Светската здравствена организација од векторите кои што ги набројав над 1 милијарда случаи и над 1 милион смртни случаи се од болести пренесени од вектор секоја година во светот и всушност болестите кои се пренесуваат преку вектор сочинуваат над 17% од сите заразни болести денес.

Болестите кои што се шират од глодари се наведени и како црна смрт или бубонската чума која е една од најпознатите векторски болести на глодари, одговорна за поголемиот дел од смртните случаи за време на средновековната ера во Европа, пишува тој.

Кои болести ги пренесуваат глодарите

Некои болести кои директно или индиректно се пренесуваат од глодари се: ласа треска, hantavirus pulmonary syndrome, leptospirosis, чума, треска од каснување од стаорец, салмонелоза, јужноамерикански аренавирус, туларемија, колорадо крлеж треска, рикецијални сипаници, бабезиоза, потенцира тој.

-И сите овие се навистина многу опасни за човекот, домашните миленици и животните, пишува Апостолов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10-годишно дете каснато од глушец на игралиште во Капиштец, глодари поради сметот шетаат низ Скопје

Наместо запалки и пенкала, ѓубре за гласачите во Скопје

Вонреден надзор во „Комунална хигиена“ за сметот во Скопје

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести