Сериозно предупредување на Фејсбук упати микробилогот Никола Пановски, поради состојбата со несобраниот смет во главниот град на Македонија, Скопје.
-Вториот круг, заедно со рокот на жалби, предавањето на функцијата, нема да заврши пред 9.11.2025. За 18 дена стаорците, па и глувците може енормно да се размножат. Скопје веќе 20 дена е елдорадо за глодарите. Имаат достапна храна во изобилство. Излегуваат од подрумите, канализацијата и се хранат, се оплодуваат и за едем месец од секое животно ќе се создадат во просек по 10 младенчиња.
Значи и по евентуално чистење на градот за 72 часа по 20 дена, ќе имаме илјадници гравидни глодарки кои на свет ќе донесат десетици илјади младенчиња. Можеби ќе имаме исчистен град, но глодарите ќе бидат многубројни и барајќи храна, ќе бидат крајно агресивни. Храната ќе ја бараат во нашите подруми и гаражи, а ако не ја најдат ќе ни влезат дома, пишува тој меѓудругото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо запалки и пенкала, ѓубре за гласачите во Скопје
Вонреден надзор во „Комунална хигиена“ за сметот во Скопје
Фото: Игор Бансколиев