Стипендии за средношколци од Македонија2025 – инвестирај во својата иднина

Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“ за тековната 2025/2026 година.

По успешниот пилот-проект во 2019 година, Фондацијата МК2025 континуирано обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти.

Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 денари, исплатени во 10 еднакви месечни износи на годишно ниво.

Стипендиите се доделуваат само за месеците во кои се одвива настава (почнувајќи од септември 2025 до јуни 2026 година).

Критериуми за аплицирање

  • Средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни средни училишта;
  • Средношколци со успех над 4.70;
  • Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и останати области; и
  • Кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен (бруто) финансиски приход во семејството до 800.000 денари годишно.

Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација: macedonia2025.com.

Апликациите се поднесуваат на Е-scholarship Платформата e-scholarship.macedonia2025.com.

Осознајте ги импресиите на нашите поранешни и сегашни стипендисти:  macedonia2025.com.

Покрај редовната стипендија, Фондот обезбедува менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Фондацијата МК2025 и Македонија2025.

Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ досега има обезбедено 50 стипендии.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 25.07.2025 година.

Досега, преку оваа програма се доделени 50 стипендии – сега е редот на новата генерација!

Не ја пропуштајте оваа шанса – аплицирајте и станете дел од семејството на идни лидери!

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести