Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, денеска потврди дека Македонија стои зад аргументите на САД за нападот на Венецуела и заробувањето на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга.
Вчера ставот на земјава го соопшти македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија со подршка за нападот на САД на Венецуела и заробувањето на Мадуро
Прашан за легитимноста на акцијата на САД и дали тоа е кршење на меѓународното право, тој одговори со примери како истото се кршело за Македонија, а сите молчеле.
-Мене ме загрижува громогласната тишина што се случуваше кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија, а сега сите коментираат дали било по или не било по меѓународно право.
Кога еднаш ќе направите исклучот, тој станува пракса, прашање на време е кога ќе се удри од вашата глава.
Преседанот е направен кога се менуваше знамето на оваа држава за да се стане членка на ОН, кога се менуваше уставот и се лажеше народот дека ќе станеме членка на ЕУ.
Ние како држава стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер САД, рече тој меѓу друго.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Николас Мадуро, кој го зароби САД
(Видео) Заробениот Мадуро е во Њујорк
На Мадуро ќе му се суди во САД, еве за што е обвинет
Фото/видео: Влада














