Стопанска банка АД Скопје лани остварила добивка пред оданочување и исправка на вредност од 5.195.430 илјади денари, што е 2% помалку споредено со претходната година, соопшти Банката преку Македонската берза.
-Согласно стратегијата на Групацијата и Банката како нејзин дел за одржување висок квалитет на активата и ниска стапка на нефункционални побарувања, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 1.491.716 илјади денари, што е за 27% повеќе споредено со минатата година, која покрај исправката за нефункционалните побарувања, вклучува и дел за покривање на ризиците и на редовното портфолио, како превентива од неочекувани движења.
Со тоа, добивката на Банката пред оданочување на 31.12.2025 година изнесува 3.703.714 илјади денари. Наведениот резултат е последица како на органскиот раст на активата така и на успешното раководење на бизнис-линиите во рамките на утврдената рамка на прифатлив апетит за ризик, велат од таму.
Нето-приходите од камати изнесуваат 5.345.770 илјади денари и се намалени за 13% во однос на минатата година како резултат на трендот на намалување на каматните стапки поради промените во референтните каматни стапки и соодветното прилагодување согласно конкуретните движења, велат од таму.
-Притоа најголемо учество имаат каматните приходи од кредитни активности, каматните расходи на депозитите поради зголемување на салдата, како и трансфер на значителен износ од сметки по видување во категорија на орочени депозити.
Како компензаторен механизам се каматните приходи од позициите за ликвидност (меѓубанкарски пласмани, депозити и вложувања во хартии од вредност), кои поради зголемување на салдата, придонесоа со поголеми каматни приходи, велат од таму.
Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 746.661 илјади денари и се намалени за 14% во однос на минатата година, пред сè, како резултат на зголемените расходи од провизии кои ги наплатуваат добавувачите на соодветните сервиси, најмногу во делот на картичното работење, со истовремено намалување на тарифните ставки кај одредени сервиси во интерес на клиентите, посочуваат од таму.
Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 179.952 илјади денари и се на исто ниво од минатата година.
Останатите приходи од дејноста изнесуваат 1.657.098 илјади денари, главно како резултат на продажба на портфолио на отпишани кредити на население, велат од таму.
-И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето.
Притоа останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 1.108.824 илјади денари и 1.336.284 илјади денари, респективно и се малку повисоки во однос на истиот период од претходната година, пред сè, како резултат на инфлаторните движења и промени во пазарните цени.
Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управувањето со кредитниот ризик се едни од приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на 2025 година, Банката издвои исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 1,491.716 илјади денари.
Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и исправката на вредноста изнесува 5.195.430 илјади денари, што е 2% помалку споредено со претходната година,додека добивката пред оданочување на 31.12.2025 година изнесува 3.703.714 илјади денари, велат од таму.
Вкупната актива на Банката во анализираниот период изнесува 157.167.851 илјади денари, односно е повисока во однос претходната година за 9%, или 13.156.352 илјади денари.
-Капиталот и резервите изнесуваат 28.637.123 илјади денари, што претставува намалување за 2% во однос на 2024 година, пред сè, како резултат на исплатата на дивиденда, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владимир Тренески именуван за член на УО на Стопанска банка Скопје
Димитра Доима именувана за член на НО на Стопанска банка Скопје













