Премиерот, Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, како и 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди.
„Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е да студентите имаат заверен семестар.
И ги чекаме овие бруцоши коишто сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување на електронски уреди,“ рече Мицкоски.
Фото: Unsplash