Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде во Скопје

Судењето за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој живот го загубија 62, а беа повредени 203 лица, ќе биде во Основниот кривичен суд Скопје, информираа денеска од Врховниот суд.

Судењето на 34. обвинети физички и трите правни лица ќе биде во Скопје, бидејќи судовите во Штип и Струмица не ги исполнуваат условите, како и тој во Кочани.

Исто така сите пет судии од Основниот суд Кочани се иззема, бидејќи постапувале во прв или втор степен во постапката што се води за трагедијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани

Сите обвинети градоначалници за пожарот во Кочани бизнисмени

Кој е Александар Нацев, новиот осомничен за пожарот во Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести