Кој е Александар Нацев, новиот осомничен за пожарот во Кочани

Вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување на имот и лица “Рубикон“, Александар Нацев, која ја обезбедувала т.н. дискотека “Пулс“, е новиот осомничен за трагедијата во Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Александар Нацев е новиот осомничен во истрагата за пожарот во Кочани

Тој е уапсен, а Основното јавно обвинителство за него побараa притвор.

Од таму информираа и дека биле извршени и претреси во Пробиштип, од каде е родум, во Скопје, и во неговиот автомобил, при што е одземена документација во врска со агенцијата и електронски уреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен и сопственикот на агенцијата за обезбедување во дискотеката „Пулс“, кој е осомничен за трагедијата во Кочани

Кој е Нацев

Тој е поранешен функционер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во периодот од 2015 до 2017 година беше директо на Дирекцијата за класифицирани информации.

Тој е извршен директор на ЦБИ и декан на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет во Скопје.

Нацев е доктор на науки од областа на безбедноста од Институтот за одбрана, безбедност и мир во Скопје.

Работел и како дипломат во Мисијата на Македонија во седиштето на НАТО во Брисел.

Зборува англискиот и германскиот јазик, стои во неговата официјална биографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Александар Нацев, кој доби притвор за пожарот во Кочани

Без лиценца остана агенцијата „Рубикон“ која ја обезбедуваше дискотеката во Кочани

Фото: Нацев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести