Судењето за трагедијата во Кочани почнува на 19. ноември во Идризово

На 19. ноември во 9.30 часот во судницата во Казнено-поправната установа (КПУ) „Идризово“ со главната расправа започнува судењето за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63, а беа повредени 202 лица, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.

Обвинението за трагедијата со кое се опфатени 34 физички и три правни лица беше поднесено од Основното јавно обвинителство Кочани на 2. јули, а од Кривичен беше одобрено на 3. октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е обвинет за пожарот во Кочани

-Заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025, 26.11.2025, 2.12.2025, 4.12.2025, 10.12.2025 и 11.12.2025, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини, информираа од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ниту еден обвинет за пожарот во Кочани не признал вина, сопственикот на „Пулс“ ги обвинува институциите и ДНК, објави Призма

Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани

Панчо и Андреј повторно се заедно горе, во пожарот во Кочани загинаа девет членови на ДНК

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести