Судот го забрани најавениот штрајк на контролорите на летање, велат од М-НАВ

Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација (М-НАВ) АД Скопје информира дека основниот граѓански суд Скопје на 16.10.2025 година донел решение со кое се усвојува предлогот на М-НАВ за изрекување на привремена мерка – забрана на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање, информираат од таму.

„Со оваа Одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби, бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои, како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.

М-НАВ АД Скопје го поздравува решението на Судот и ја нагласува својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија,“ се вели во соопштението на М-НАВ.

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛМ) донесе одлука за штрајк на 20 и 24. октомври, обвинувајќи го менаџментот дека не ги исполнил претходно дадените ветувања и дека состојбата во претпријатието е сериозно загрижувачка. Според нив, клучни кадровски решенија во М-НАВ намерно се блокираат, а системот е на работ на колапс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонското небо не смее да се „затвори“, реагира менаџерскиот тим на М-НАВ за најавениот штрајк на контролорите на летање

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести