Откако Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) објави телефонски пораки кои меѓудругото открија дека инспектори во Управата за јавни приходи (УЈП), Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и полициски службеници од Министерството за внатрешни работи имале блиска комуникација со сопствениците на т.н. дискотека во Кочани, каде во пожар загинаа 62, а беа повредени 203 лица, кои упатуваат на коруптивни дејствија, од УЈП информираа дека по внатрешна контрола и проверка на наводите, е донесено решение за суспензија на вработени лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Едно од тие лица кои беше спомнато во сторијата на ИРЛ е инспекторот на УЈП, Драган Паунов, кој е брат на Даниела Димовска, актуелна в.д. претседателка на Основниот кривичен суд Скопје, каде ќе биде судењето за пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ИРЛ објави необјавени снимки и документи од истрагата за пожарот во Кочани
Од таму исто така велат дека во сторијата на ИРЛ „беа презентирани комуникации меѓу вработени лица и даночен обврзник, кои укажуваат на можност за оддавање на даночна тајна, како и неовластено информирање за претстојни контроли и координирани активности со други надлежни институции“, посочувајќи дека ваквото однесување претставува сериозно прекршување на Кодексот на однесување на вработените во УЈП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ