
Како работело АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор лани
Државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловенпростор од значење на Републиката, лани остварило добивка од 7,8 милиони денари, соопштија од таму преку Македонската берза. Остварило приходи од продажба од 419,5 милиони денари. Останатите деловни приходи пак изнесуваат 279,2 милиони денари.

















