
(Видео) Во пожар во Шуто Оризари изгореа над 20 дуќани
Во пожар во скопско Шуто Оризари, кој избувнал денеска во раните утрински часови, изгореа над 20 дуќани со текстилна и друга роба. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи истите биле во сопственост на лицето С.С., кој ги имал дадено под закупнина, а се наоѓале во тамошниот трговски центар.



















