Во пожар во скопско Шуто Оризари, кој избувнал денеска во раните утрински часови, изгореа над 20 дуќани со текстилна и друга роба.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи истите биле во сопственост на лицето С.С., кој ги имал дадено под закупнина, а се наоѓале во тамошниот трговски центар.
За среќа нема повредени лица.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.
Пораталот 4NEWS.mk, објави видео од пожарот:
Фото: Унсплеш














