
Imlek Impact Warm Up по вторпат ќе ја загрее атмосферата пред Охрид ТрчаТ Викенд
Охрид повторно ќе стане центар на спортската енергија и активниот животен стил. Во пресрет на јубилејното 10-то издание на Охрид ТрчаТ Викенд, на 6 јуни ќе се одржи второто издание на Imlek Impact Warm Up, најголемиот фитнес настан на отворено кој ги обединува љубителите на спортот, рекреацијата и здравите навики.

















