
Imlek Impact Warm Up по вторпат ќе ја загрее атмосферата пред Охрид ТрчаТ Викенд
Охрид повторно ќе стане центар на спортската енергија и активниот животен стил. Во пресрет на јубилејното 10. издание на Охрид ТрчаТ Викенд, на 6. јуни ќе се одржи второто издание на Imlek Impact Warm Up, најголемиот фитнес настан на отворено кој ги обединува љубителите на спортот, рекреацијата и здравите навики.





















