
Од денеска М-ТАГ лентите на патарините само за корисници со електронски тагови
Од денеска на М-ТАГ лентите на патарините ќе може да поминуваат само корисниците со електронски тагови за плаќање. Со измените се укинува можноста за плаќање со М-КАРД на лентите наменети за М-ТАГ. Корисниците кои плаќаат со М-КАРД ќе треба да ги користат останатите ленти на наплатните станици, согласно нивната намена.


















