
Во болницата во Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот
Министерството за здравство информира дека поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион. Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договориле взаемно решение со кое се овозможува континуитет



















