
55-годишен маж најаден починат во водите на Охридското езеро
Маж на возраст од 55 години вчера бил пронајден починат во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје. Се работи за И.Д. од Скопје, а како што информираа од ОВР Струга лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Неговото тело е дадено на обдукција.






















