19-годишната Станка Михајлова од струмичкото село Баница, по втор царски рез има параплегија – не може да оди и е во инвалидска количка.
Информацијата на социјалните мрежи ја соопшти нејзниот свекор, Велибран Стојанов, а царскиот рез и бил изведен во Општата болница Штип.
Како што објави Слободен печат таа е мајка на 2 деца. Едното има 1 месец, а другото има 3,5 години.
Засега се непознати околностите поради кои дошло до парализа на жената.
Министерството за здравство откако случајот заврши во медиумите, најави дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе изврши вонреден надзор, а стручен надзор ќе утврдува дали нивните колеги направиле грешка при царскиот рез од кои е настаната ваква тешка компликација.
Фото: Влада














