
Општините не наплатиле речиси 48 милиони евра од даноци, такси и надоместоци, утврди Ревизија
Во периодот од 2020 до 2024, општините акумулирале речиси 3 милијарди денари ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, како резултат на слабости во правната рамка, застарени методологии, нецелосни регистри, недоволни административни капацитети кои не обезбедуваат ефикасно фискално управување на локално ниво, се вели меѓудругото во ревизорскиот извештај




















