Во врска со апсењето на возачот за за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, од таму велат дека со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата.
„Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби, и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда,“ велат од Владата.
Од таму потсетуават дека лицето со иницијали Д.Ц е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода. Првичната пријава за незаконскиот поткуп потекнува и е на иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за поткуп.
„На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани.
Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач , откако претходно заосновало работен однос по примерот на сите останати институции во Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Оваа акција беше спроведена претходно во соработка со службите на МВР, при што беа дадени бележани пари и целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата,“ додаваат од Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














