
Осуденик почина во Идризово
Осуденик на возраст од 60 години бил пронајден починат вчера во Казнено поправната установа – Затвор Идризово. Станува збор за лицето Д.М. од неготинско. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство. По насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Фото: Влада

















