Маж на возраст од 50 години загинал вчера на патот Крива Паланка – Куманово, во атарот на селото Градец откако со мотоцикл со неготински регистарски ознаки излетал од патот и удрил во банкина и метален столб.
Станува збор за М.Н. од неготинското село Кутија, а како што информираа од полицијата тој починал на лице место.
Фото: Унсплеш














