
(Фото) Отворен 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Сè додека има сцена, публика, приказни, театарот ќе опстане
Достоинствена и емотивна вечер сведочеше синоќа публиката во гледалиштето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и целата македонска нација преку директниот пренос на МТВ1, на свеченото отворање на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Вечерта беше во знакот на паметењето и колку е тоа важно за секоја култура.


















