
На 86-годишна возраст почина култниот актер Чак Норис
На 86-годишна возраст вчера ненадејно во Хаваи починал култниот американски актер Чак Норис, соопшти неговото семејство. Ќе го паметиме по бројните улоги во акциони филмови и телевизиски серии, како „Делта Силата“, „Исчезнат во акција“, „Вокер, тексашки ренџер“… Пред да стане филмска ѕвезда, Норис беше исклучително успешен во натпреварувачките боречки вештини.



















