
Почина македонскиот режисер и драматург Сашо Миленковски
Драмски театар Скопје се простува од Сашо Миленковски (1963–2026), еден од најзначајните македонски режисери, драматурзи и театарски творци, чија уметност остави длабок белег во современиот македонски театар, информираат од таму. -Роден во Битола во 1963 година, Миленковски припаѓаше на генерацијата режисери кои во почетокот на деведесеттите години внесоа нова естетика,



















