
(Фото) Стихозбирката „Со една четка два зајака“ на Владимир Мартиновски е поетски и симболички каталог на животните
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски го создал автентичниот поетски бестијариум „Со една четка два зајака“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (11. февруари) во книжарницата „Литература.мк“



















